|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Биљана Стевановска
Би ја променила ниската еколошка свест во Македонија
Професионално искуство: Како инженер по биохемија, професионално работам на заштита на животната средина на програми во повеќе домашни и меѓународни организации и институции.
Ангажирање во граѓанскиот сектор Од 1991 година сум член на Еколошкото друштво Опстанок, бев генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија, а од 1998 г. сум директор на ОРТ - здружение за информации, обука и одржлив развој. Соработник сум на Федерацијата на независните синдикати за сообраќај на Македонија и бев член на првото собрание на МЦМС и на Комисијата за избори.
Хоби и интереси Скијањето ми внесува енергија и радост, иако последниве 2 години во редуцирана форма, поради намалениот снег. Скијам од четвртата година, во домашните скијачки центри.
Најтешка одлука Не можам да издвојам некоја карактеристична.
Амбиции Успешен менаџер. Магистерска титула.
Во слободното време чита Модни списанија и книги од областа на биохемијата.
Каде оди во слободното време Кај другарките дома, или со нив во кафуле (а кога имаме многу за разговор, одиме во Градскиот парк).
За време на викендите Доколку не сум на работа (а тоа е почесто), одмарам мрзеливо дома, или ја средувам собата.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Ниската свест и немање чувство за грижа за заедницата на сите жители на Македонија е пречка за напредок кај нас. Тоа се гледа насекаде, од некултурното туркање во редица на каса во супермаркет, влегување на шалтер преку ред, до хаотичното возење на автомобилите или фрлањето ѓубре од тераса. Тоа го има во претпријатијата каде што вработените се незаинтересирани за напредок, туку само за искористување на ресурсите, додека менаџерите немаат ориентираност кон квалитет и стандардите и др.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Големото загадување на природата со молскавична брзина е проблем што го мачи човештвото, но никој тоа сe уште не сака да го прифати. Иако неколку светски истражувачки ценри алармираат, речиси сите луѓе мижат незаинтересирано за лошиот живот што го имаат.
Што би променил/а во Македонија и во светот? Ниската еколошка свест, нагонот за да се наштети на секој што работи добро, разликата меѓу богатите земји и тие што страдаат за леб
Совет/порака Сакај се себеси, имај чувство за потребите на другите, помогни им на другите, учи за сопствено унапредување колку можеш повеќе и секојдневно.
Никогаш не би можел/а Засега нема нешто што не сум можела да сторам. Во иднина, ќе видиме.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|