Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Интервју

   

Лина Ќостарова-Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција

Комуникацијата меѓу децата е основа на развојот

Во рамките на проектот “Учили­ни мрежи - заедници за мултикултурен развој”, Центарот за психосоцијална и кризна акција неодамна во Мултимедијалниот центар “Мала станица” во Скопје реализира креативни работилници под заеднички наслов “Слобода на комуникацијата ЗА... “. Што е целта на ваквиот вид работа и на проектот воопшто и какви се добиените резултати? 
 
Настанот за којшто зборувате е дел од поголем проект на темата “Поврзување и комуникација, меѓу училиштата од западна и источна Македонија#, кој трае повеќе од една година. Целта на овој целодневен настан, во кој учествуваа 200 деца и возрасни од различни средини, култури, возрасти, пол, беше откривањето и испробувањето на потенцијалите за промена и развој, при што самото искуство на слободи /на изразување и создавање требаше да помогне во поместувањето на границите кон нови форми и квалитети на постоење и поврзување...” Оттука е и насловот „Слобода на ко­му­ни­­каци­јата ЗА...” соз­давање, иднина, заедниш­тво... Целиот настан создаде поле (амбиент) за креативно истражување, игра и експериментирање со различни модалитети на изразување, низ коишто секој можеше да учествува на свој начин. Имаше работилници за: збор, драма, ритам, порака, цртеж, бело платно, инсталација, тесто, боди-арт  итн.  Децата и возрасните не се познаваа претходно, а се зборуваше и на различни јазици. На почеток активностите се одвива во мали групи, за на крајот да се поврзат во една, сосема нова целина - што овозможи изградба на ново поле на создавање и промена на улогите, низ коишто за момент секој можеше да исчекори од она што е, да го испроба тоа што не е и што и не помислил дека може да биде... Евалуацијата на настанот даде дополнителни и силни аргументи за потребата од креативно учество на сите членови на заедницата - од сите возрасти и култури, во создавањето нови простори и проширување на границите на слободите ЗА... подобрување, развој, поврзување.

 

Како ја оценувате состојбата во Македонија денес на полето на комуникација меѓу учениците при нивното оформување во индивидуи коишто имаат потреба од надминување на постоечките бариери, поставени со политичките и со општествените промени? 

Комуникацијата меѓу децата, особено низ игра и размена, е основата на развојот. Во раната адолесценција тој контакт почнува да станува толку значаен за детето, што повремено успева да го потисне и најблискиот однос со родителите. Училиштето е социјална средина, со голем и неискористен потенцијал за учење преку игра и експериментирање. Тоа подразбира негување на комуникацијата меѓу сите членови на училишната заедница, во сите насоки и нивоа - меѓу различните возрасти, пол и култури и со најразлични средства. Училиштето е можеби и единственото место каде што безбедно и искуствено може да се учи, низ разни форми на соработка, охрабрување и споделување со другите - како да се комуницира со сопствениот поглед, желба, очекувања, неправда, но и како отворено да се биде или да се доживее нешто сосема друго. Тие можности не се ни одблиску искористени во нашите училишта, напротив, доминира избегнувачкото однесување и повлекувањето во тесни, затворени кругови. Условите на долготрајни промени и постојаното исчекување нешто да се случи можеби можат да ги објаснат недовербата и потребата на луѓето да се повлечат, секој во „своето”. Нема размена, нема растеж, како с$ да застанало.... Решението на таквите состојби лежи токму во спротивното, во она што ни се чини невозможно, необично или чудно - во приближувањето, наместо во оддалечувањето; во отвореноста и љубопитноста, како замена за лошите прогнози. За да го свртиме кругот во спротивната насока, мораме да научиме како да создаваме нови простори и да ги организираме на поинаков начин - како простори на игра и слобода, каде што безбедно ќе се испробуваат новите сознанија и искуства, каде што ќе се прошируваат границите на можното. Децата сето тоа спонтано и најдобро го прават, кога учествуваат во заеднички проекти и акции со другите (деца и возрасни) од заедницата. Од нив најмногу можеме да научиме, ако ги сфатиме доволно сериозно. 

 

Во Тетово во 2002-2003 година со проектот “Безбедно училиште”, меѓу другото, ја направивте и првата мултиетничка приредба, по воениот конфликт. Колку овој, но и другите позитивни примери имаат можност да се спроведат во работата на училиштата?        

Тоа беше нашето прво искуство на „интервентна акција” во регионот, по конфликтот. И не беше само приредба. Беше тоа двегодишен проект на група деца од ОУ „Лирија” од Тетово, кои почнаа со работилници за правата на децата и нивното учество во заедницата, за да дојдат до идејата за поврзување, а потоа и да ја истражат (на многу начини) и дури на крајот да ја реализираат во форма на приредба. На приредбата учествуваа ученици од сите класови, од 5 до 8 одд. од двете етнички заедници, македонската и албанската, со вкупно 16 точки, избрани по сопствен избор. Децата, кои со години учат во исто училиште, но не се среќаваат затоа што учат во различни смени, овој пат со денови се договараа за заеднички настап пред родителите. И за родителите тоа беше првпат да се најдат сите заедно, во салата... И не беше лесно, за никого. Сето тоа бараше долги подготовки, многу трпение и сигурно и компетентно водство од возрасни, на кои може да им се верува. Начинот на којшто децата учествуваа во целиот процес на подготовки ја покажуваше нивната неверојатна посветеност, сигурност и достоинство, што ги надминаа сите очекувања на возрасните. Децата покажаа дека можат да се носат  и со најделикатните теми  и прашања, како што е поврзувањето меѓу членовите на една постконфликтна заедница и со тоа да станат модел на однесувањето, за другите... За жал сето тоа немаме можност често да го видиме, повторно и секогаш проблемот е кај возрасните. Најголемиот број од нив сметаат дека проектите на децата се игра и пополнување на слободното време, по што треба да се зафатат со посериозни работи, не забележувајќи што тие научиле и каде стигнале во меѓувреме... и дека токму играта е најсериозната работа, што треба да ја негуваме.

 

Во колкава мера ги користите стран­ските искуства и помош, но и постоечките домашни ресурси во вашата работа, почнувајќи од времето на воениот распад на СФРЈ, па до денес? 

Странските искуства, особено експертските во полето на кризата, траумата и закрепнувањето, на самиот почеток од војните на овие простори беа многу корисни. Во времето на распадот на Југославија навистина малку знаевме за воените трауми, или за природата и третманот на посттрауматскиот стрес. Првите наши искуства со траумата беа средбите со младите регрути - повратници од единиците на бившата ЈНА, во далечната 1991 година. Набргу потоа, имавме можност да се поврземе со светските имиња на ова поле, како што беа: Боб Пајнос (САД), Бил Јул (Британија), Атле Дирегров и Нора Свеас од норвешката школа,  потоа израелската школа за помош на помагачите, Оксфордскиот меѓународен центар за бегалски прашања итн.

Но, имаше тука и една друга, нетипична ситуација во којашто се затекнавме. Со почетокот на рапаѓањето на Југославија, доживеавме да се најдеме во двојната улога на: професионалци од кои се очекуваше помош и истовремено станавме жртви, и самите погодени од војните и стравот за сопствената безбедност, како последица на конфликтот. Во Македонија почнаа да пристигнуваат бегалци од сите краеви на Југославија, а тоа беше нашиот народ. За нас, психолозите, тоа беше голем професионален, но и човечки предизвик. Без искуството и умешноста во дистанцирањето на двете улоги, работата бргу н$ доведе до прагот на согорување, низ коешто речиси сите поминавме. За мене тоа беше најтешкиот период, но истовремено и најплодниот во професионална смисла. Во тие услови бргу и директно се учи, и уште побргу се созрева. На многумина од нашата струка тоа време им го обележа патот на севкупниот професионален интерес, ангажман и развој. Психологијата како дисциплина, за жал, или за среќа, ги доживува своите најголеми подеми, токму во периодите по војните, што значи дека во еден голем дел таа се изградила на масовните несреќи на луѓето. Нашето искуство на помагачи и жртви во исто време н$ научи и на нешто друго - да гледаме на траумата како на составен дел од човековите животни искуства, со којашто секој нужно не мора да се сретне, но доколу ја доживее, има можности и успешно да ја надмине. Со таквиот став излеговме од полето на клиничката дијагностика и оставивме многу поголем простор за активирање на природните ресурси, со кои, а тоа го научивме од луѓето на кои им помагавме, обилуваат и човекот и заедницата, особено во тешки услови на живеење.

 

Центарот за психосоцијална и кризна акција е професионална агенција којашто работи по проекти. Задоволна ли сте од досегашната комуникација и соработка со државните и со локалните институции, со училиштата, со невладините организации?  

Ние сме првата, а можеби и единствената приватна професионална агенција во Македонија, која се занимава со кризна интервенција, вклучувајќи цели заедници, па и мрежи на заедници. Одлично соработуваме со сите со кои го делиме полето на интервентна акција, а тоа се најчесто училиштата, потоа невладините организации и дел од државните и локалните институции. Многумина добро н$ знаат, а и по начинот на работа сме препознатливи. За највисоките државни институции сме с$ уште “невидливи”. Ние тоа го толкуваме како форма на “одбранбена игноранција” којашто ја препознаваме секаде каде што постои страв за сопствените позиции што се стекнати случајно, или по заслуги коишто немаат никаква врска со стручноста, професионалноста и етичките стандарди на една професија. Тоа се тие затворени кругови, каде што ќе видите како едни исти луѓе постојано се преместуваат од една на друга позиција, независно што со години не завршиле ниту една работа како што треба. Ние се обидуваме да функционираме на поинакви принципи. Засега можеме да кажеме дека сме прилично независни. Сами се издржуваме, се бориме за опстанокот на цел тим вработени и соработници, работејќи на повеќе проекти истовремено, а некои од нив се и меѓународни. Досега, еве веќе шест години, главните донатори ни се странски влади и фондации. Подобро и полесно се справуваме во преговорите со нив, отколку со домашните. Се разбира, постојано работиме на подобрување на можностите на македонските институции да ја препознаат потребата и од ваков вид организации, за развој на заедницата.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA