Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Донатори

   

 „MILIEUKONTAKT OOST-EUROPA” 

Развој на еколошкото движење во Македонија

Независната фондација „Milieukontakt Oost-Europa” од Холандија, од септември официјално почна да работи и во Маке­донија, со отворање на локалната канцеларија во Скопје и стартување на проектот чија долгорочна цел е разви­вање силно и демократски организирано еколошко движење.

Како што ни рече раководителот на локалната канцеларија за Македонија, Влатко Огњановски, краткорочните цели на овој проект се развивање одредени способности на здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина, и тоа во поглед на внатрешната организација и раководење, учество на јавноста, формулирање на заедничка стратегија за одржлив развој, контак­тирање, соработка и раз­ме­на на инфор­мациите и меѓународна соработка.

Проектот во Македонија ќе се спроведува до крајот на оваа година, како пилот-проект, по што ќе се прошири на период од уште четири години, а потоа, евентуално, на уште четири.

Во рамките на инстутуционалниот развој оваа организација веќе оформи тим од тренери и група од осум здруженија на кои ќе им биде одржувана обука (семи­нари, тренинзи): „Изгрев” од Свети Николе, „Злетовица” од Пробиштип, „Светлина” од Неготино, „Планетум” од Струмица, МАРС од Скопје, „Дешат” од Дебар, „Ареал” од Струга и „Биосфера” од Битола. Во областа на учеството на јавноста, „Милиеуконтакт” меѓу другото ќе работи на имплементацијата на Архуската конвенција во Македонија. Покрај ова, ќе се стимулира соработката меѓу здруженијата на граѓани врз основа на искуствата од другите држави во регионот на централна и источна Европа, а една од активностите ќе биде и следење на активностите и плановите на меѓуна­родните банки за развој и меѓународните инвестициони активности во Македонија, како што е балканскиот Пакт за стабил­ност.

Покрај советувањата и тренинзите за спроведување на еколошките иници­јативи и проекти на здруженијата на граѓани, помошта што ја нуди „Мили­еуконтакт” во Македонија се состои и во организација на регионални и национал­ни состаноци, тренинзи, како и помош во обезбедување експертиза, материјални и финансиски средства за спроведување на нивните активности.

Во моментов, „Милиеуконтакт” спроведува програми во 12 држави на централна и источна Европа. Во регионот на југоис­точна Европа оваа фондација е активна во Македонија, Романија, Бугарија, Албанија и Хрватска.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA