претставување: РОМАНЕЛА, БЕРОВО

Традицијата треба да се негува

Здружението на граѓани “Романела” од Берово е новоформирано, со цел да ја негува културата и традицијата на Ро­ми­те од малешевскиот регион и пошироко. Членството на “Романела” е составена главно од ромското население кое живее во Берово. Здружението го формираа група жени, кои претходно пет години работеа како огранок на “Даја”, но тоа е ос­но­вано како здружение на граѓани, а не како женска организација.

Покрај промоцијата и заштитата на локалната култура на Ромите од овој крај, во програмата на “Романела” се вклучени и актив­нос­ти поврзани со еманципација на жената Ромка, како и заштита на жената од семејно насилство. Освен тоа, здружението ќе работи и на превенција на негативните влијанија врз младите, пред с$ заш­ти­та на младите од алкохол и дрога.

Првиот проект што го спроведува “Романела”, поддржан од Фон­да­ци­јата Институт отворено општество – Македонија, е наречен “Златните раце на ковачите”, а се спроведува како дел од програмата “Живо наследство”. Станува збор за осовременување и за­чу­ву­вање на традиционалниот ковачки занает со кој се занимаваат по­веќе Роми од Берово. Проектот е во тек, а неговите активности оп­фаќаат обука на млади Роми за прак­тикување на ко­вачката веш­ти­на, како и промоција и модернизација на занаетот. Што се однесува до промоцијата, “Ро­ма­нела” учест­ву­­­ваше на Саемот “Живо наследство” во Скопје, на 1 и 2 април го­ди­нава. Таму се претстави со производи на беровските ковачи, меѓу кои имаше и дел изработени според дизајнот на уметницата Сла­вица Јанешлиева. Соработката со уметницата има за цел да се про­шири и осовремени асортиманот на производи на беровските ковачи. Изработката на уметнички дизајнираните производи продолжува, а на крајот на проектот ќе биде изработен каталог на производите и тие ќе бидат изложени на неколкудневна манифестација во Скопје.