ОН
Основан нов Совет
Првиот чекор на новиот пат кон светското уживање на човековите права и заштитата на жртвите беше направен на 15 март со основањето на новиот Совет за човекови права при Обединетите нации, кој проследи по резолуцијата усвоена од страна на Генералното собрание на ОН. Усвојувањето на оваа резолуција со 170 гласови „за”, 4 „против” и тројца воздржани го истакнува универзалното поседување човекови права. Потребата од овој нов поттик којшто би требало да го обезбеди новиот совет се јавува поради неодамнешното укинување на Комисијата за човекови права, која веќе подолго време го губи кредибилитетот поради фактот што во своите редови брои членови коишто се едни од најозлогласените прекршувачи на човековите права во светот, како и поради неефикасната имплементација на своите препораки. Резолуцијата со којашто се основа Советот за човекови права обезбедува нови стандарди и процедури за избор на членови, преку апсолутно мнозинство од најмалку 96 гласови „за”, што би гарантирало исклучување на тешките злосторници од членството во Советот. Повеќе информации ќе најдете на http://www.oneworld.net.
|