Министерство за Животна средина и просторно планирање
Пелистер и Радика - годинешни приоритети
Министерството за животна средина и просторно планирање за свој приоритет во 2004 година ги смета заштитата на Пелистер и на Радика, а е најавено и продолжување на проектот за заштита на Преспа, за кој се планира да бидат потрошени 705.000 евра од Глобалниот еколошки фонд. Министерството во 2003-та ја заврши реализацијата на проектот за елиминација на последиците од депонирањето на шестовалентниот хром во Јегуновце, со пренасочување на водите од потокот Музга.
Во своето обраќање до јавноста министерот Љубомир Јанев, информира дека се исчистени две третини од излеаната јаловина во коритото на Каменичка Река, но и дека санацијата која се одвива со донација од 100.000 франци од швајцарската влада е во тек. Таа треба да се заврши до крајот на февруари, по што следува набљудување и рекултивација на земјиштето со јапонска помош во износ од 100.000 американски долари.
|