МАК АКЦИЈА
Зрак – списание за млади волонтериВо рамките на проектот „Мак акција“ што во повеќе градови во Македонија се спроведува како дел од Иницијативата за самопомош на УСАИД, издаден е првиот број на списанието за млади волонтери „Зрак“. Списанието е издадено во соработка со средношколците од Економското училиште „Јовче Тесличков“ од Велес и има за цел да се поттикне и афирмира волонтерството, не само меѓу младите, туку и меѓу целото население. |  |
АКАДЕМСКИ ПОЛИТИЧКИ ЖУРНАЛ
Нова балканска политикаВо издание на здружението „Јан Колинс“ од Скопје излегува единствениот македонски академски политички журнал „Нова балканска политика“. Журналот излегува периодично (квартерно), а во последниот број се пренесени текстови на темите: Косово и неговото влијание во Македонија, Теории за социологијата на етничките конфликти, Македонија, Историја, Меѓународни политики. Журналот излегува со поддршка на Амбасадата на Холандија во Македонија. |  |
КОНТРАПУНКТ
Нешто друго„Нешто друго“ е детска сликовница која треба да ја прочитаат и возрасните. Зборува за исклучувањата, за лажниот елитизам, за еднаквоста, за човековите вредности, за демократијата и за многу други нешта. Ја издаде „Контрапункт“, како дел од проектот „Слевање на маргините“, со поддршка на Прохелвеција и на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. |  |
„Чиста енергија - сончева енергија“Здружението на граѓаните Проактива од Скопје, во рамките на проектот „Сонцето - нашата иднина“, ја издаде од печат публикацијата „Чиста енергија - сончева енергија“. Во неа се застапени општите информации за сончевата енергија, за можните начини за нејзино искористување и претворање во топлинска и електрична, како и информации за сончевиот потенцијал во Република Македонија.
|  |
|