Александар Стојановски

Земјоделци, здружете се!

Професионално искуство: Претседател на Здружението на зе­мјоделските производители Ку­ма­но­во.
Работев во областа на машинството и за мене беше радост кога успевав неподвижните машини повторно да ги активирам. Студирав органи­за­ци­ја и работам на организирање на обе­с­правените во остварување на нивните цели, особено на македонските земјоделци.

Активирање во граѓанскиот сектор:  Се занимавав со сй уште од мали години. Бев ангажиран во младинскиот актив, се занимавав со политика, а придонесував во различни сегменти од правилното функционирање на оп­штест­вениот систем.

Амбиции: Да им помогнам на изнемоштените и обесправените граѓани да ги остварат своите права.

Хоби и интереси: Уредување на дворното место за живеење.

Во слободно време чита: Во слободновреме читам земјоделска литература од сите области, како и машинска литература.

За време на викендите: За време на викендите уживам во прошетка на повисоки места во природата, заедно со семејството и со друштвото.

Најтешка одлука: Да се оженам.

Кој национален (локален) проблем го сметате за особено важен: Приватизацијата на државните фирми. Потребно беше најпрвин да се оспособи аграрот како најголема фабрика во Република Македонија, за да ги прибере отпуштените работници. Тран­с­фе­рот во аграрот е направен најдоцна.

Кој глобален проблем го сметате за особено важен и зошто: Укинувањето на постоечките визи е голем проблем. Не може Европа  да биде без граници, а Балканот да има барикади.

Совет (порака): Земјоделци, здружете се!