НВО ПАРЛАМЕНТ
Парламент со отворени врати
Коалицијата на невладини организации НВО Парламент, ја лансира идејата за отварање на вратите на државнте институции за граѓаните и за граѓанските здруженија, со цел тие да земаат поактивно учество во про­цесите на донесување на одлуките и да придонесат кон развојот на демократските структури на владеење.
Коалицијата ја сочинуваат осумдесетина граѓански здруженија од цела Македонија.
СВЕТСКА БАНКА
Се подготвува Национална стратегија за сиромаштијата
Светската банка веќе извесно време ја подготвува Националната стратегија за намалување на сиромаштијата, во соработка со македонската Влада. Стратегијата треба да се однесува на пе­риодот 2004-2006 година и ќе биде фокусирана на пот­тик­ну­ва­ње­то на еко­ном­ски­от раз­вој.
ЕАР И ФИООМ
Нови центри за поддршка на НВО
Во рамките на проектот за зајакнување на невладините организации, што се спроведува од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, ќе бидат отворени 8 нови центри за поддршка на НВО, во социјално и економски неразвиените облас­ти во Македонија.