Повик за предлози

Помош од ЕУ за граѓански организации со примарна активност на полето на заштитата на животната средина

Со  повикот за предлози за помош од ЕУ за граѓански организации со примарна активност на полето на заштитата на животната сре­ди­на се обезбедува финансиска поддршка за активности коишто при­до­­несуваат за развојот и имплементацијата на политиката и за­ко­ни­те на ЕУ за животната средина во различни региони на Европа, како и за активности за зајакнување на мали регионални или локални асо­цијации коишто работат на примена на “ацљуис цоммунаутаире” во поглед на животната средина и одржливиот развој во нивната ло­кална област.

Поддршката од оваа програма е наменета за приоритетните области од Шестата акциска програма за животна средина (2): ограничување на климатските промени, природа и биолошка разновидност - заш­ти­та на единствениот ресурс, здравјето и животната средина, обез­бе­дување одржливо управување со природните ресурси и отпадот. Програмата ќе биде отворена за учество на граѓански организации од Европа со седиште во: земјите-членки на ЕУ, Бугарија, Романија, Тур­ција, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, Босна и Хер­це­го­ви­на и Хрватска, а истата е кофинансирачки инструмент.  Краен рок за поднесување на предлозите е 3 октомври 2005 година. За повеќе ин­формации, посетете ја страницата: http://europa.eu.int/comm/environment/funding/intro_en.htm 

Т.Х.А.

Повик за аплицирање

Пракса во Европскиот центар за малцински прашања

Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМИ) од Фленс­бург, Германија, прибира апликации за стажанти (практи­кан­ти) за различни периоди: од јануари до март (краен рок за апли­цирање: 30 септември 2005); од април до јуни (краен рок: 31 јануари 2006); од јули до септември (краен рок: 30 април 2006); од октомври до декември (краен рок: 31 јули 2006). Стажантските позиции не се платени и обично се со времетраење од три месеци. Стажантите ќе бидат лоцирани во седиштето на ЕЦМИ во Фленсбург или во локалните кан­це­ларии во Тблиси, Приштина и Скопје. Избраните кан­ди­да­ти ќе учествуваат во истражувања или во администрација на тековните проекти на ЕЦМИ под раководство на надлежниот ис­тражувач на ЕЦМИ. Во зависност од профилот на канди­да­т­­ите, тие ќе можат да работат во следните области: акциски проекти, електронски мапи, закони и публикации. Потребно е да се испрати кратка биографија и контакт, а доколку имате прашања, упатете и ги на Мај-Брит Рисбјерг Хансен на електронската адреса хансенЖецми.де               

Т.Х.А.

 

Модули за обука за Европско државјанство 4-6

Советот на Европа објави три модули за обука за европско др­жа­вјанство во рамките на Програмата за партнерство-обука на млади европски кадри, истражувачка политика за млади и евро-мед соработка. Партнерството за обука ги одржало први­те 3 модули за обука во периодот помеѓу декември 2004 годи­на и февруари 2005 година и најави уште три модули за 2005 го­ди­на. Секој модул на обука се фокусира на еден важен аспект на концептот и праксата на европското државјанство. Сите модули ќе содржат заеднички елементи, а за секој од нив поединечно ќе има различен фокус. Краен рок за аплицирање е 20 септември 2005 година. Претстојните модули ќе вклучу­ваат: интеркултурно учење (модул 4, 14-20.11. 2005 во Рома­ни­ја); институции и политика (модул 5, 21-27. 11. 2005 во Холан­дија) и човекови права (модул 6, 01-07. 12. 2005 во Бел­ги­ја). На секој од модулите може да се присуствува поеди­нечно, а заинтересираните кандидати треба да аплицираат за еден од трите модули. Формуларите за аплицирање ќе ги нај­де­те на: http://www.salto-south.net/download/604.doc.  
Формуларот треба да се испрати до претставништвото на наци­о­нал­ната агенција или до националната агенција - домаќин најдоцна до 20 септември 2005 година.                

Т.Х.А.