Настава во природа на ФРОНТ 21/42
Парче природа во градската џунгла
Во текот на август здружението на граѓаните Фронт 21/42 ја реализира втората фаза од проектот „Настава во природа”, насловена како „Парче природа во градската џунгла”, со цел да ги запознае граѓаните на Скопје со историјата на Градскиот парк и неговиот биодиверзитетот и да се воспостави поблизок однос со природата.
Во паркот е поставена поголема табла со информации и општи податоци за флората и фауната, а со помали таблички се одбележани дел од дрвјата, односно нивното име и потекло. Проектот е поддржан од Град Скопје, Секторот за животна средина, а реализиран во соработка со ЈП Паркови и зеленило.
К.Б.
|
|