Босна и Херцеговина

“Простор за младите!”

По повод Меѓународниот ден на младите, 12 август и 10-го­дишнината од програмата “Акција за младите” на ОН, ОИА БиХ ја организираат кампањата “Акција БУС”: простор за младите. Триесетина млади луѓе од цела БиХ изоду­ваат пат во должина од 1.500 километри и посетуваат повеќе од 20 градови во БиХ. Во таа прилика, заедно со своите локални партнери, преку улични акции, деба­ти и средби со властите, лобирања и друго, ја запознаваат власта и јавноста со потребите на младите од свој простор за креативна работа и здраво растење. 

Простор за младите, значи потреба од обезбедување соодветен амбиент за младите од внатрешноста од стра­на на локалните власти (инфраструктура, објекти, средства) во кој тие ќе можат на здрав начин да растат, креа­тивно да се изразуваат и да развиваат нови знаења и вештини. Покрај тоа примарно значење кое е особено релевантно на локално ниво, преку акцијата се упа­ту­ваат и 8 барања до државните институции. 

Г. Ш



Албанија

Жените поподложни на ХИВ/СИДА

Како и секаде во светот, така и во Албанија бројот на луѓето заразени со ХИВ/СИДА е во пораст. Во текот на последните неколку години, бројот на заразени жени е малку поголем отколку бројот на мажите, известува Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Ин­сти­ту­тот за јавно здравство, кои го спроведуваат проектот “Вклучување на албанските уметници и спортисти во кампањата против ХИВ/СИДА”. Според нивните наоди, околу 75% од луѓето со ХИВ/СИДА во Албанија, из­јавиле дека се заразиле во странство.

ИОМ и Институтот ја истакнуваат важната улога на медиумите во заш­ти­тата од ХИВ//СИДА, посочувајќи дека медиумите треба да сторат нешто повеќе во борбата против дискриминацијата на заразените. Спо­ред последните извештаи, 80% од луѓето вклучени во анкетата спро­ведена од страна на ИОМ рекле дека медиумите се нивниот гла­вен извор на информации за ХИВ/СИДА. Двете организации по­тен­ци­раат дека е важно имигрантите да ги преземат сите мерки на прет­паз­ли­вост и да се тестираат за ХИВ по нивното враќање во Албанија. Тие се жалат дека бројот на луѓето кои доброволно се тестираат е многу мал, информирајќи дека само 350 луѓе се подложиле себеси до­бро­вол­но на ХИВ-тест во првата половина на 2005 година.       

Г. Ш

 

Хрватска

Медиумите не го почитуваат правото на децата на приватност

Министерството за здравство и социјална грижа на Хр­ват­ска,  изразило загриженост за начинот на кој ме­ди­у­ми­те ги следат случаите на кривични дела извршени врз децата и младите полнолетни лица, бидејќи го до­ве­дувале во прашање правото на децата на приватност, про­пи­шано со Конвенцијата за права на децата и со наци­оналните закони.

Поради тоа, на 12 јули, во Министерството е одржан сос­та­нок  на кој учесниците ја искажале загриженоста во вр­ска со одредени случаи во медиумите каде не е по­чи­ту­вано правото на приватност на децата споменувани во врска со случаи на злоупотреба во домовите за со­ци­јал­на грижа. Тема на разговорите било подобрувањето на соработката на државните тела, со цел откривање и санкционирање на извршителите на кривични дела над де­цата, поради големото внимание од страна на ме­ди­у­ми­те и интересот на јавноста за утврдување на состој­ба­та во домовите за социјално згрижување.

Ценејќи го придонесот на медиумите и не сакајќи на јав­носта да & се одземе правото на информирање , Мини­стерството за здравство и социјална грижа обр­на­ло внимание на медиумската должност јавноста да би­де информирана за с$, на начин на кој нема да ги на­ру­ши правата и интересите на децата.   

Г.Ш

Србија и Црна Гора

Во Белград одбележан геноцидот во Сребреница

Организацијата на жените “Жени во црно” од Белград, ја одбележа 10-годишнината од геноцидот во Сребреница на Плоштадот на републиката во Белград, со уЈество на повеќе од 200 активисти од Србија, од Италија, од Германија и од САД. Тие направиле полукруг, држејќи ги паролите: “Да не заборавиме”, “Десет години од ге­но­ци­дот во Сребреница”, “Жените во црно за мир и човекови права”. Ак­­тивистите носеле знаме и со паролата “Никогаш повеќе на седум јазици” и со запалени свеќи на земјата  го направиле знакот на ми­рот. 

За време на церемонијата имало и неколку инциденти. Имено, на­о­ко­лу насобраниот народ почнал да извикува “Нож жица Сре­бре­ни­ца” и “Србија на Србите”, а се слушале и нацистички поздрави и дожд од навреди упатени кон жените. Во полукругот била фрлена ли­менка со солзавец по што некои од учесничките мо­рале да побегнат во спо­редните улици. Ин­ци­ден­тите и вербалните на­вре­ди завршиле по при­стиг­нувањето на спе­цијал­на полициска единица за контрола на масите. Соби­рот бил завршен со пола­га­ње бела роза на споме­ни­кот на Плоштадот на ре­пу­бликата, заедно со зна­ме­то “Да не ја заборавиме - Сребреница 1995-2005 - Жени во црно”.  

Г.Ш.