Фондација “Трифун Костовски’

Афирмација на исторското, културното и научното творештво

Основана од страна на македонскиот бизнисмен и пратеник во Собранието на Македонија, Трифун Костовски, Фондацијата која го носи неговото име е сместена во Македонската академија на науките и уметностите и прифатена од сите нејзини органи. Фондацијата Трифун Костовски годинава  навршува шест години од постоењето, период во кој таа со спроведените активности ја потврдува насоката на дејствување: афирмација на македонското историско, културно и научно творештво како исклучителен чинител во постоењето и развивањето на граѓанското општество.

Една од нејзините најрепрезентативни активности е основањето на Националната галерија портрети на македонски великани која ги вклучува во себе сите маркантни фигури од културата, науката и уметноста што оставиле траги во историјата на градењето на земјата. Галеријата е сместена во МАНУ и досега брои стотина дела, слики и скулптури од македонски уметници, но континуирано го зголемува фондот, со интенција во иднина да прерасне во отворен и достапен простор, за граѓаните кој ќе им овозможи на едно место да се запознаваат со најзначините личности од историјата на својата земја. Фондацијата Трифун Костовски издава капитални дела од полето на лингвистиката, историјата, културата и уметноста, каде што меѓу другите се вбројуваат  “Фонологија” на Блаже Конески, монографиите за Тодор Скаловски и Димитар Кондовски, “Културата и уметноста во Западна Македонија во ЏИЏ век” од академик Цветан Грозданов и др., а особено внимание се посветува на објавувањето сублимирани форми на дел од светските  јазици. Фонадацијата “Трифун Костовски”, како што потенцираат нејзините членови, е отворена за иницијативи и предлози во рамките на кои се споменуваа изработката и доделувањата на медали “Блаже Конески” и “Крсте Петков-Мисирков” за значајни личности кои  придонеле за развој и афирмација на Македонија во светот и за истражување на македонскиот јазик и култура, но и можноста за идно стипендирање на млади научници и уметници.                                             К.Б.