ЕКО-НЕТ
Повик за партнерство
Еко-нет, Центарот за електронска комуникација, упати повик за партнерство до сите здруженија на граѓани од земјава кои работат во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Здруженијата треба да придонесуваат со информации од оваа област, кои ќе бидат пренесувани на веб-порталот на Еко-нет, да иницираат форумски расправи, проектни идеи и друго, како и да доставуваат периодични извештаи. Еко-нет, пак, на здруженијата-партнери, им обезбедува компјутер и бесплатен интернет-пристап од 30 часа месечно, вклучувајќи ги и телефонските импулси, за шест месеци, со можност за продолжување на договорот.
Еден од условите за воспоставување партнерство е здруженијата на граѓани да постојат најмалку шест месеци. Краен рок за аплицирање е петти февруари, а за подетални информации заинтересираните можат да се обратат на www.eko.net.mk. Донацијата за ова партнерство ја обезбеди канцеларијата на РЕЦ - Регионалниот центар за животна средина во Македонија.
М.И.
|