Новини од „Водовод и канализација“ за слепите лица
Сметки за вода со Брајова азбука
Јавното претпријатие “Водовод и канализација” на корисниците со оштетен вид од главниот град, покрај редовната сметка за вода, во февруари ќе им испрати и специјална сметка, наменета за нивна полесна употреба. Раководството на “Водовод” се надева дека со ваквата практика на овие корисници ќе им овозможи полесно да се информираат, со што ќе добијат и еднаков третман со нивните сограѓани. Во плановите на ова комунално претпријатие е и реновирање на наплатните пунктови каде што ќе биде направен пристап за лица со посебни потреби. Овие активности “Водовод” ги реализира во соработка со Сојузот на слепите на Република Македонија. Според надлежните во “Водовод”, ова е прв пат на Балканот некоја институција да поведе сметка за правата на слепите лица на ваков начин. Хуманиот гест е прифатен со одобрување од сите членови на Сојузот, а во иднина се очекува и сите други градски претпријатија да го следат направениот прв чекор, со што на слепите лица ќе им се овозможи полесно да се справат со својот хендикеп. |