Фондација Котонвуд
Мали грантови за еманципација, животна средина и културна разновидност
Фондацијата Котонвуд нуди мали грантови во висина од 1000 $ за проекти во чиј фокус на интерес се еманципацијата, животната средина и културната разлика. Таа го фокусира финансирањето на потврдени организации кои работат директно со целната група од целиот свет, што силно се потпираат на волонтерските напори и кај кои поддршката би имала големо значење. Малите грантови во вредност од 500 до 1000 долари ги добиваат организациите што работат директно со целната група во Соединетите Држави и останати земји од светот.
Фондацијата Котонвуд е комплетно волонтерска, основана во 1992 г. и досега доделила 267 грантови, со вкупна вредност поголема од 234.000 долари, обезбедувајќи ги финансиските средства од поединци, други фондации и корпорации и од својот личен мал фонд.
За повеќе информации посетете ја страницата www.cottonwoodfdn.org.
Т.Х. |