БИХ

УНИЦЕФ, УНФПА и Медика го одбележаа 8 март

Воспоставувањето на рефералните механизми за помош и адекватен третман на жртвите на семејното насилство и злоставувањето на децата е очекуван резултат на новиот проект кој заеднички го покренаа УНФПА, УНИЦЕФ и граѓанската организација Медика од Босна и Херцеговина.

По завршувањето на фазата од истражувањето и оценката на постоечкиот реферален систем, проектот ќе придонесе за креирање адекватни механизми за идентификување, евидентирање, третман и упатување на жртвите на насилство. Со средства од Владата на Норвешка, во периодот од 2004 до 2006 год. е поддржана работата на Здравственото засолниште и советувалиштето за жените жртви на насилство. УНФПА соработува со голем број женски граѓански организации на остварување на правата на жените за живот без насилство. УНФПА и Медика се обврзале на идна соработка и во работата на подобрување на положбата на жената во БиХ, како и на исполнување на Бриселскиот повик за „нулта-толеранција” кон насилството.

Г.Ш. извор: онењорлд