Од 10 до 15 август во Букурешт

Светски младински форум

Светскиот младински форум (WYF) е годишна меѓународна конференција на младите којашто ќе се одржи од 10 до 15 август во Букурешт, по повод 12 Август - Светскиот ден на младите. Форумот треба да спои 140 млади лица од преку 35 држави, а неговите главни теми се сметаат за карактеристични за младинските политики. Планирани се работилници, семинари, пленарни сесии и научни студии на различни теми поврзани со младите во земјите учеснички. Официјален јазик на конференцијата ќе биде англискиот. За повеќе информации, квалификуваност и програма на форумот, посетете ја веб-страницата www.south-policies.org или контактирајте по електронски пат: office@youth-policies.org.