Порака за новата учебна година

Иднина без зависности

Сојузот за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркомании на град Скопје (СПАННС), им ја честита новата учебна 2004-2005 година на сите ученици, родители и наставници, пожелувајќи им многу успеси во воспитно-образовниот процес. Истовремено, упатува порака до сите вклучени во процесот да дадат придонес за унапредување на здравјето на децата и младите и за нивна заштита од негативните влијанија од алкохолот, тутунот и дрогата. Сојузот потенцира дека  посакува сите релевантни фактори да вложат особени напори за правилно оформување на идната личност на првачињата, за нивна вистинска социјализација и градење вистински вредности како трајно добро на секој човек. Во оваа хумана акција СПАННС повикува да се вклучат државните органи, институции и поединци за создавање свет на децата без насилство и без алкохол, тутун и дрога.

Сојузот за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркомании на град Скопје, како и досега, продолжува најсовесно и најодговорно да ја шири вистината за штетните влијанија од наркотичните средства, преку предавања, разговори, совети и сл. За каков било проблем околу овие зависности, можете да се обратите секој ден од 07 до 15 ч. на тел. 02/3128-187, или да побарате помош лично, секој четврток од 17 до 18 часот, во Домот на хуманитарните организации “Даре Џамбаз” во Скопје, на ул. “11 Октомври” 42а.  Ано­нимноста е загарантирана. 

Д. М.