Фондација за развој на информатичките технологии

Подигање на информатичкото ниво

Фондацијата за развој на инфор­матичките технологии во текот на март во јавноста објави оглас за 50 посетители за вклучување во проектот “Информатичко-комуникациски исчекор кон светските стандарди”, обезбедувајќи над 80% донирана компјутерска едукација за студенти на завршна година на факултетите со просек 8,0 и повеќе и за дипломирани, невработени лица (не повеќе од две години) со просек 8,0 и повеќе. Избраните ќе имаат можност во период од 3,5 месеци да се едуцираат 100 часа  во сферите на компјутерската едукација за канцелариско работење. Проектот се реализира  со поддршка  на Фондацијата е-Македонија на А.Д. - Македонски Телекомуникации, а двете страни досега работеле и на компјутерска едукација за невработени лица и за редовни студенти од Скопје.

Фондацијата за развој на инфор­матичките технологии во текот на досегашното работење раководела и со проект на Светската банка за развива­ње на капацитетите на население­то на оп­штината Ран­ковце и на локалната самоуправа во насока на инфор­матичките технологии и човечките ресурси. Со својот персонал во функција на тренери, во периодот од 2003 до 2005 година, партиципирала и во Балканската асоцијација за животна средина при реализација на проектот “Интернационален тренинг-центар за  професии од областа на животната средина”, во соработка со Медицинскиот факултет во Скопје, а во своите активности ги вбројува и професионалната  ком­пјутерска едукација на вработените во локалната самоуправа на град Скопје, во општината

Ѓорче Петров и др.

Фондацијата е членка на Македонска асоцијација на информатички центри и досега едуцирала повеќе од 4.000 посетители.