Како се реализира правото на пристап до информации

Информациите и одлуките се дознаваат од медиумите 
 

Маријана Лончар-Велкова, Организација на потрошувачите на Македонија:
“Нашите конкретни ис­кус­тва како Орга­ни­зација за заштита на потро­шувачите варираат во зависнот од органите со кои комуницираме. Со Минис­терството за економија, како ре­сорно министерство кое е одго­ворно за заштита на по­тро­шувачите, соработката е навистина добра, пристапот до информации задоволува, но уште многу треба да се работи за да се почувствуваа подобрување и за граѓаните. С$ уште нашите потрошувачи немаат можност да се информираат за квалитетот на одредени производи и услуги преку постојано компаративно тестирање и објавување на резултатите, со цел да се поттикне конкуренцијата и навре­мено да се информира потрошувачот заради остварување на правото на правилен избор. Резултатите од анализите на одредени производи и нивното објавување е само чекор во еден посериозен приод кон оваа проблематика на која треба да работиме ние со државните органи, институти и лаборатории  надлежни во одделни области во зависнот од видот на производот или услугата.

Воопшто гледано како пречка кон пристапот до информациите ја сме­таме и недоволната застапеност на граѓаните преку своите здру­женија во управните органи на јавните претпријатија, со цел да придонесат во  донесување одлуки кои се однесуваат  на нивните економски интереси. За жал, информациите и одлуките се дознаваат од средствата за јавно информирање, а потоа  останува да се дејствува низ разни акции на граѓанско здружување. Овие акции не остануват без резултати, но поедноставно би било кога би се дала можност преку дебати, разговори и расправи да се спречат одредени одлуки кои длабоко задираат во нашите интереси.”

К.Б.