Србија и Црна Гора
Бесплатна правна помош за бегалците

Хуманитарно-правната канцеларија во Подгорица, основана во 1998 година, како прва од проектот “Мрежа на хуманитарните правни кан­це­ларии”, на швајцарската Дирекција за развој и соработка и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, неодамна прерасна во граѓанска организација.

“Проектот - бесплатна правна заштита за бегал­ци” се покажал како оправдан, бидејќи бегалци­те и раселените лица во канцеларијата нашле пра­вовремени и точни информации за своите права. Интересирањето на мноштвото бегалци и раселени лица и на нивните семејства околу статусните прашања, стекнувањето др­жа­в­јан­ство, станарското право, пензиско-инвалидско­то осигрување, барањата за составување молби, жалбите, полномоштвата, с? уште постои, така што оваа организација и понатаму има многу работа.                                   

Г.Ш.


Хрватска
На патот кон растење

Со влегувањето во новата учебна година започнува и новиот циклус на неформалното образование за средношколците од градот Пула. “На патот кон растење” е проект настанат за да ги задоволи потребите на младите за додатна едукација, за поттикнување на нивниот активизам, но и да им ја олесни социјализацијата во ло­кал­ната заедница. Корисници на проектот се средношколци на пул­ските средни училишта.

Во склоп на проектот ќе бидат организирани пет тематски работилници на тема: кои професии ме привлекуваат, одлуки и како треба да се донесат истите, човекови права, сексуално воспитување, но и како да се пристапи кон интервју за работа.               

Г.Ш.

 

Албанија
СНВ отвори регионална канцеларија

Холандската организација за развој, СНВ, објави во Тирана дека ќе ги удвои трошковните актив­нос­ти што ги спроведува во Албанија до крајот на 2005 година, а кои треба да достигнат 2,5 милиони евра. СНВ досега донирала 1,3 милиони евра на проекти во Албанија и на Балканот. Главната активност на СНВ, чија работа во Албанија започнала во 1993 година, е да им обезбеди бесплатен сервис на локалните организации, а досега организацијата понудила многу бесплатни услуги за градење капацитети, особено за гра­ѓан­ски­те организации коишто работат со локалните власти, граѓанското општество и приватниот сек­тор. Истата ги користи своите експертизи на под­рач­јата, како што се стратешко планирање за учесниците, работата со даноците и др.

СНВ објави дека нејзината канцеларија во Албанија ќе ја користи како регионална канцеларија за Балканот, но и зацрта програма за развој на другите земји на Балканот, каде ќе бидат отворени 6 нови канцеларии во БиХ, во Македонија и во Црна Гора. Партнерите на СНВ ќе бидат во мож­ност да влезат во големи мрежи на сличните организации во регионот за размена на искуства. Исто така ќе се отворат проекти и активности коишто ќе оперираат надвор од границите. Главна цел на оваа организација е да ги поддржува балканските земји како да се интегрираат во Европската Унија.        

Г.Ш.

 

Босна и Херцеговина
Необичен ден за децата со посебни потреби

Планините коишто го опкружуваат Бугојно биле природен декор, на првиот кога било одржан весел саем на којшто 39 де­ца со посебни потреби учествувале во рекреациски и умет­нич­ки активности, организирани од 46 волонтери од пет локални здруженија. Младите изработувале секаков вид ракотворби: накит, роденденски честитки, маски, слики и рамки за слики, а основната идеја на саемот била низ активностите да им се покаже на децата со посебни потреби дека во потполност можат да се вклучат во образовниот систем.

На саемот луѓето кои работат со децата со посебни потреби, имале можност и да разменат искуства околу важни прашања. “Веселиот саем” во Бугојно не само што претставувал убав образовен ден за децата со посебни потреби, туку и интересен ден за нивните родители, волонтерите и орга­низаторите. Еден од организаторите нагласил, дека важна цел е прашањето на децата со посебни потреби да се ре­шава во склад со образовните закони, со нивното усвојување од страна на претставниците на локалните власти, кои предвидуваат вклучување на децата со посебни потреби во редовното училиште.               

Г.Ш.