WITT-project.net
Пресек на феминизам и интернет-комуникациски технологии
Организацијата Пренос на технолошки информации за жените WITT (Womens Information Technologs Transfer WITT) покрена интернет-портал кој ќе ги поврзува женските организации и феминистките кои се занимаваат со интернет-комуникациски технологии во земјите од Источна и Централна Европа. Овој проект е портал кој на сите заинтересирани ќе им понуди стратешки информации за интернет-комуникациската технологија, но и ќе поддржува, како заедница, жени во земјите од Централна и Источна Европа во развивањето на вебот како алатка во општественото делување. WITT ќе биде посветен на информираноста околу женските акции, активностите и борбата, промовирајќи користење бесплатни програми. Годишниот состанок на WITT обучувачките се одржа во Охрид во почетокот на годинава, каде што се обучувале тие за користење на заедничката веб-страница.
WITT во 2002 година го иницира женската акција на Европа и Северна Америка ENAVA - како дел од својата програма. Во почеток на 2005 година акцијата ќе стане правен субјект со седиште во Хрватска и фокусни точки во целиот регион.
Г.Ш.
|