Проект на Сојузот на извидниците на Македонија
Летото помина во знак на МОБА
Летово кое изминува Сојузот на извидниците на Македонија, го помиина во знакот на реализација на проектот МОБА, работејќи во Извидничкиот центар во Охрид. МОБА е проект за локален развој во Југоисточна Европа и ги опфаќа териториите на Македонија, на Босна и Херцеговина и на Србија (вклучувајќи ги Црна Гора и Косово). Започнат е во јануари 2002 и треба да заврши до декември 2004 година, со цел да придонесе во развојот на регионот, нудејќи квалитетна програма насочена кон младите, потпирајќи се на искуството на националните извиднички организации кои како граѓански организации дејствуваат на локално ниво преку широка мрежа на волонтери. Преку МОБА се анализираат потребите и желбите на младите, се организираат работилници на клучни теми на проектот, се врши обука на тренери и раководители на национално и регионално ниво, се организираат работилници за културите и традициите на Балканот, за финансиска поддршка на локални проекти за млади, изработка на програма за млади и младинска политика, се формираат документарни-ресурсни центри и се поставува веб-страница.
Носители на проектот се Европската скаутска канцеларија, извиднички организации кои се вклучени во проектот, “Сцоутс де Франце” и Министерството за надворешни работи на Република Франција.
К.Б
|