СРБИЈА

Бугарското малцинство во Парламентот

Бугарското малцинство во Србија има свој прет­ставник во Парламентот на Република Србија. Тоа е Владимир Захариев – како што своите корисници ги информираше „Greek Helsinki Monitor“. Тој е дел од локалната самоуправа во градот Босилеград и ќе ја претствува малубројната бугарска заедница, која според статистичките проценти прет­ствува една четвртина од еден процент од населението во Србија.

Изразено во бројки, во Србија живеат околу 20.000 Бугари. Повеќето од нив се ко­н­центрирани во областите на градовите Босилеград и Димитровград.

Во Бугарија, како и во европските структури, оваа одлука на надлежните органи во Србија е примена со поз­­­драв и е из­ра­зено големо за­­до­волство за­ра­ди зголеменото ниво на правото на ова мал­цин­ство. Исто­вре­мено, оценето е дека тоа е доказ за подигањето на нивото на демо­кратизацијата во Србија.                                                      

М.И.