Книга
“Митисторија и приказни (раскажувања) на нацијата на Балканот”
Книгата „Митисторија и приказни (раскажувања) на нацијата на Балканот”, чиј уредник е Тања Алексиќ, има цел да ги расветли различните начини на кои литературната поетика на балканските нации взаемно се поврзува со нивната национална поетика и да ги претстави најновите и иновативни истражувања во литературата и филмот кои активно се поврзуваат со националната поетика – еден вид митопоетика на модерниот Балкан.
Татјана Алексиќ во моментот ја завршува својата дисертација со проектот за митот, историјата и памтењето во постмодерната белетристика и филм, во Србија и во Грција на Универзитетот Рутгерс. Книгата ќе биде достапна од 1 април 2007 година и ќе чини 79,99 УСД.
извор: ЕЦАС
|
|