Новина од Комунална хигиена

Организирано собирање санитетски отпадоци

Комунална хигиена почна организирано да го собира медицинскиот отпад од приватните организации, и од почетокот на годинава петнаесетина приватни ординации и аптеки почнаа да ги користат нејзините услуги. Комуналните екипи го собираат, транс­портираат и согоруваат медицинскиот отпад на депонијата Дрисла. За килограм подигнат отпад приватниците плаќаат по 385 денари.

Корисниците на услугата добиваат сигур­носни медицински кутии, каде може да се складира отпад до пет килограми. Тие се произведуваат и празнат од страна на Комунална хигиена, при што за празнењето се користат специјални возила.                       

Д.М.