ЕВРОПСКА КУЛТУРНА ФОНДАЦИЈА
50 години ширење на културата
Европската културна фондација – ЕЦФ (ЕЦФ) со седиште во Амстердам, Холандија, годинава прославува мошне значаен јубилеј – половина век од своето постоење и работење. По својот 50-ти роденден, ЕЦФ организира голема прослава во Амстердам, на која присуствуваше и холандската принцеза Маргарета, која е претседател на Фондацијата. По повод годишнината, ЕЦФ додели и две специјални награди за културни локалитети кои оствариле големи успеси на полето на меѓународната културна соработка – “Труц Спериљуе” во Словачка и на “Платформ Гаранти Цонтемпорарѕ Арт Центре” во Турција.
Оваа фондација, која има поддржано серија проекти во Македонија, е еден од најголемите донатори во областа на културата во Европа. Таа е независна, невладина и непрофитна организација, која го промовира културното учество и сотработка во Европа.
Основана е во 1954 година со цел да помогне во промовирањето на принципот на културната димензија во процесите на европската интеграција. Таа дава грантови за иновативни проекти и спроведува свои програми. Во Европа важи за еден од највлијателни застапувачи на културата.
Европската културна фондација спроведува програми за охрабрување на интеркултурниот дијалог, за поттикнување на учеството преку уметноста, за зајакнување на секторот на културата, а поддржува и различни паневропски активности.
За повеќе информации можете да ја погледнете веб-страницата на Европската културна фондација: www.eurokult.org.
М.И.
|