ЕУ
Европската комисија го поедноставува финансирањето на меѓународната помош
На 29 септември Европската комисија официјално ја објави замената на постоечкиот избор на финансиски инструменти за доставување меѓународна помош, преку една поедноставна и поефикасна рамка. Наместо постоечкиот широк избор географски и тематски инструменти кои ги усоврши ад-хок со текот на времето, новата рамка ќе се состои од само шест инструменти, од кои четири се нови. Тие се: инструментот за претприемна помош, инструментот за соседство и партнерство со Европа, инструментот за соработка на полето на развојот и економијата и инструментот за стабилност. Двата постоечки инструменти - за хуманитарна помош и за макрофинасиска помош нема потреба да се менуваат и тие ќе се задржат. За земјите од Западен Балкан, особено за Македонија, тоа ќе значи отворање на вратите за претпристапна помош по 2007 година.
Т.Х
|