ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ

Европската истражувачка мрежа се шири на Балканот

Проектот на Мрежата за истражување и обра­зование на југоисточна Европа (СЕЕРЕН) го заврши проширувањето на Паневропската брза истра­жувачка мрежа ГЕАНТ на бал­канските земји.

„Новата мрежа ќе го подобри интернет-пристапот на истражувачите што е витално за овозможување целосна партиципација и интеграција на бал­канската истражувачка заедница во Европската истражувачка област“, нагласи Ерки Ликанен, специјалниот европски пратеник за претпријатија и информациско општество на отворањето на мрежата во Солун на 3 јануари 2004.

ГЕАНТ обезбедува висококапацитетен интер­нет „bekboun“ којшто ги поврзува нацио­налната и регионалната мрежа за истра­жување и обра­зование во различни земји. Исто така, им овоз­можува на научниците да сора­ботуваат на меѓународната сцена и да имаат пристап до квалитетот на услугите кој се бара најголемиот број истражувачки и развојни активности. Со импле­ментацијата на проектот СЕЕРЕН, ГЕАНТ ќе обезбеди повеќе од само технички добра поврзаност. Неговата крајна цел е да го намали „диги­талниот јаз“ кој сe уште постои помеѓу регионот од другиот дел на континентот. За оваа цел, проектот активно ги охрабрува научните и образовните заедници од зем­јите-членки на ЕУ да соработуваат со земијте од југоисточна Европа.                                               

Т.Х.