ЈУБИЛЕЈ НА ДВА МЕДИУМИ
Народна волја и Македонска информативна агенција – МИА
Медиумите секаде се сметаат за значаен сегмент на граѓанското општество, а историјатот на нивното работење се поврзува и со историјатот на овој сектор. Таков е примерот со два медиуми, кои деновиве прославуваат свој јубилеј.
Пред 25 години, во Сиднеј, Австралија, почна да излегува весникот на Македонците од Пиринска Македонија – “Народна волја”. По временото селење на редакцијата во Лондон, Велика Британија, тој од 1992 г. конечно се устоличува во Благоевград, Бугарија. Весникот излегува еднаш во месецот, а ги пренесува активностите и проблемите од интерес на македонското малцинство во Република Бугарија.
Македонската информативна агенција – МИА, како јавен информативен сервис создаден во самостојна Македонија, почна да работи во 1998 година, дури шест години по денот кога Собранието на Република Македонија донесе одлука да биде формирана. Агенцијата е формирана со одлука на Владата на Република Македонија, за да биде дистрибутер на објективни, точни и навремени информации во јавноста. М.И.
|