Албанија
Протест на НВО за правата на жените
На 8 март, Меѓународниот ден на жените, албанските невладини организации организираа еден од најголемите протести за правата на жената во Албанија. Протестот, во кој беа вклучени главните организации за женски права, организации на млади и деца се одржа на главниот булевар на Тирана, инициран од здружението “Корисно за албанската жена”, една од главните организации којашто се занимава со женските права во земјата.
Главното мото на протестот беше “Жените создаваат историја секој ден”, а неговата цел беше зголемување на свеста за правата на жените, против насилството врз нив, нивната партиципација и др. На еден од најголемите транспаренти на Центарот за детски човекови права на Албанија – ЦРЦА беше испишано барање до Парламентот и до политичките партии во земјата да се зголеми партиципацијата на жените на локалните избори со поставување квоти со жени кандидатки. Неколку часа подоцна, Младинскиот албански парламент го организира и вториот протест, но овој пат пред албанскиот парламент, под мотото “Срамота е да се биде 114. земја во светот”, втемелено на податоците објавени од Интерпарламентарната унија, каде Албанија е сместена на 114. место во светот по прашањето на партиципација на жената во политиката, со само 7,1% жени во националниот парламент.
|
|