ПДАС МЕЃАШИ
“Нов дом за децата без родители
На 16 февруари, оваа година, Првата детска амбасада во светот “Меѓаши” го примопредаде новиот дом, стан опремен со мебел и друга покуќнина, кој ќе биде идно живеалиште на децата без родители и родителска грижа до нивната 26 година. Проектот е поддржан од Министерството за финансии и проектот за развој на општините на Светска банка, а целта на неговото реализирање е придонес во социјализацијата и осамостојување на младинците во услови кога го напуштаат домот, преку обука за компјутери, за странски јазици, за кулинарски вештини, за нивно зајакнување и охрабрување за самостоен живот, лобирање и застапување, директни психо-социјални советувања и поддршка за вработување. Станот го обезбеди Министерството за труд и социјална политика, а неговото комплетно опремување е извршено од страна на амбасадата “Меѓаши” во рамките на проектот “Психо-социјална и едукациска поддршка на децата без родители по напуштањето на домот ‘11 Октомври’”.
На официјалното примопредавање на станот, меѓу другите, беа присутни и претседателката на КИП, Лилјана Поповска, извршниот директор за ПРО, Билјана Лазаревска и дуги.
|
|