Дискриминација на граЃанското здруЖување во Грција

Во Лерин не успеа да се регистрира Домот на македонската култура

Со образложение од страна на Основниот суд во грчкиот град Лерин, дека Домот на македонската култура е опасност за јавниот ред и мир и овозможува прос­тор за дејству­вање на стран­ски агенти што ра­бо­тат на идејата за постоење на „непостоечката маке­донска нација“, не­одамна и официјално е од­биено барањето за негова ре­гистра­ција.

Процесот за регистрација на Домот на македонската  култура започнал во 1989 година и континуирано, се до донесувањето на конеч­ното решение бил оспо­руван од грчките судови. Основачите на Домот наја­вуваат дека ќе продолжат да ги бараат своите права во  повисоките европски институции. За овој случај Грција со тужба беше обвинета во 2000 година од Судот во Стразбур и требаше да поднесе одредени консеквенци бидејќи не ја дозволи реги­страцијата на граѓанската организација. По упатената пресуда до Атина со упатство да се дозволи спорната регис­тарција, истата била поддржана и од грчкиот омбудсман Никифорос Дијамантурос, од Грчкиот  Хел­синшки комитет за човекови права, од членовите на Европскиот парламент, од Советот на Европа, Европското биро за помалку употребувани јазици. Грчките власти ветиле дека Домот на македонската култура ќе биде регистриран. Во обра­зложението на судот за отфрлање на под­несената апликација стои “Форму­лацијата на пред­метот, т.е. причината за постоењето, е нејасна  и може да предизвика кон­фузија во однос на вис­тинските цели. Употребата на терминот маке­донска култура ја интензивира оваа конфузија со нејзино по­врзу­вање со непостоечки јазик опишан како маке­донски. Признавањето на таква орга­низација содржи директна закана за јавниот ред и дава можност за нејзина експло­атација од стран­ски агенти, кои се обидуваат одвреме навреме, неуспешно да ја исфа­бри­куваат историски не­постојната македонска нација.       

Д.М.