Календар
7 април: Инвестирајте во здравјето
Овој ден е прогласен за Светски ден на здравјето и го обележува основањето на Светската здравствена организација (СЗО) при ООН. Тој е посветен на јакнењето на свеста за глобалните светски здравствени проблеми. Годинава, пораката на СЗО е упатена до владите, организациите и до бизнис-секторот: „Инвестирајте во здравјето, градете посигурна иднина”.
8 април: Светски ден на Ромите
Денот на Ромите има цел да посочи на проблемите на оваа маргинализирана популација на светско ниво. Но, истовремено тоа е ден кога се прославува автентичната традиција и култура на овој народ. Денот на Ромите добива ново значење во контекст на Декадата за вклучување на Ромите, која е во тек.
18 април: Чувајте ги спомениците Спомените се дел од историјата, но влог во иднината. Светскиот ден на спомениците и споменичните места е ден кога треба да се потсетиме на потребата од заштита, информирање и почитување на местата кои потсетуваат на важните настани од минатото.
22 април: Ден на планетата Земја
Овој ден го иницираа граѓанските организации од САД, но доби меѓународна димензија. Тоа е ден на акција за лобирање и подигнување на јавната свест за глобалните еколошки проблеми – еден од нив, со кој с$ подрастично се соочуваме, е глобалното затоплување.
23 април: Книгата и авторското право
Во ерата на дигитализацијата, добро е да се потсетиме на вредноста на читањето. Светскиот ден посветен на книгата и на авторското право е повод за афирмација на пишаниот збор и на авторите кои го создаваат.
24 април: Животните не се заморци
Овој ден е ден против употребата на животните како лабораториски заморци. Луѓето кои се залагаат за правата на животните потсетуваат дека и животните имаат права, а производите кои содржат ознака „Не е тестирано врз животни” освојуваат с$ повеќе купувачи.
|