Трибина

Верското образование во државните училишта

На 14 март, 2007 година, се одржа трибината „Воведување верско образование во државните училишта”, на која беа претставени резултати од две истражувања финансирани од ФИООМ.

Истражувањето „Јавното мислење за верското образование” го изработи Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од Скопје, а истражувањето „Застапеност на наставните содржини за религијата во одделни општествено-хуманистички предмети во основното и во средното образование” беше спроведено од Катедрата за хуманистички студии на Филозофскиот факултет од Скопје. Интересно излагање имаше гостинот од Љибљана, д-р Зденко Кодеља од Институт за образовни истражувања од Љубљана, на тема „Веронауката во различни национални образовни системи - компаративен приказ”.

Овие истражувања претставуваат прв чекор при формулирањето јавни политики за проблематика од ваков зафат и комплексност, како што е верското образование.

М.И.