СОЖМ, традиција, Василица

Василичарски хуманитарен коктел

Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ) на 14 јануари тра­диционално го одржа Василичарскиот хуманитарен коктел, годинава како дел од кампањата „Пријатели на Клиниката за детски болести“. Покровител на коктелот каде се поја­вија повеќе гости – прет­­­ставници на гра­ѓански организации од Македонија, странски дипломати во земјава, лица од државниот врв, естрадни уметници и обични посетители, бе­ше г-ѓа Лилјана Поповска, потпре­тсе­дател­ката на Собранието на Република Маке­донија.



Присутните имаа чест да слушнат музички дела во изведба на оперската пе­­јачка Милка Ефтимова со нејзината класа, придружувани од пи­ја­ни­стка­та Јасминка Чакар, а честа за презентација на васи­личарските обичаи & при­падна на Орга­низацијата на же­ните „Хоризонт“ од Кривогаштани.

Финансиските средства со­бра­­ни од билетите во износ од 85.500,00 ден како донација  се на­менета за ре­но­­ви­рање на Детската клиника.

За повеќе информации: СОЖМ - тел 3134 390, 3220 570, или на веб страницата www.sozm.org.mk.