ЕУ
“Зелени” правила за индустријата
Европската Унија мора да воведе обврзувачки законски регулативи за воведување нови еколошки технологии, повикуваат претставниците на граѓанските здруженија во Европа. Наместо досегашните декларативни согласности, бизнис-секторот треба да се обврзе со рокови и мерки.
Европската Комисија издаде соопштение во кое ги повикува компаниите да го следат акцискиот план донесен во јануари годинава, но граѓанските здруженија сметаат дека слабата точка на овој акциски план е тоа што не содржи законски обврски, туку се сведува на долгорочно, волонтерско повикување на компаниите да го “позеленат” своето производство.
За повеќе информации во врска со директивата која се однесува на прашањето на воведувањето технологии согласно еколошките стандарди на ЕУ, можете да се информирате на веб-страницата: хттп://њњњ.енвиронментдаилѕ.цом.
М.И.
|