Е-АКТИВИЗАМ

Активист со само еден клик!

Информатичката технологија воведува нови, евтини и ефикасни начини со кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обич­ните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или време за тоа. Како прво, интернетот на граѓанските орга­низации им нуди нов и инте­рактивен начин за да се претстават себеси преку отворање веб-страници кои ќе нудат информации за самите нив, нивните програми и активности.
За нивните корисници ова претставува не само нов, туку и поедноставен и побрз начин за пристап до информациите за една орга­низација, на една локација. Како второ, интернетот нуди атрактивни и евтини начини овие организации да привлечат луѓе кои во секојдневниот живот се преплавени со информации на работното место, во домовите итн. Освен тоа, оваа опција е погодна и поради фактот што им дозволува и на организациите и на корисниците да ги избираат само оние информации кои се од нивни интерес. Исто така, постои и таканаречен е-активизам, веб-страници кои се специјализирани   за  сајберактивизам, како што е и www.eaktivist.org, еден од сајтовите кои ра­бо­тат на поддршка на електронскиот ак­тивизам и граѓанското учество со обез­бе­ду­вање збирка едноставни и прогресивни елек­тронски акции и алатки за е-активистите кои се лесни за користење.

Интернетот несомнено станува една неоп­ходна алатка за граѓанските орга­низации.

Т.Х.