ИНТЕРНЕТ-БИБЛИОТЕКА
Ресурсни материјали за граѓанските здруженија
На веб-страницата www.mangoorg.mk/resursi може да се најде мошне корисна интернет-библиотека со ресурсни материјали и материјали за обуки за здруженијата на граѓани. Иницијативата за покренување ваков вид интернет-библиотека ја спроведуваат Агора, Матаморфозис и Институтот за трајни заедници, а во збогатувањето на библиотеката може да придонесе секој кој има ресурсни материјали наменети за граѓанскиот сектор.
Во моментов, преку оваа веб-страница можат да се најдат општи материјали за граѓанското општество, материјали за финансиско работење и правни аспекти, за дизајн и управување со проекти, односи со јавност, застапување и лобирање, родови прашања, изнаоѓање фондови, човекови права и повеќе други области.
М.И.
|