На универзитетот во Сараево
Магистерска програма за родови студии
Магистерската програма за родови студии, која ќе се реализира на Сараевскиот универзитет (со краен рок за аплицирање до 07.07.2006 година), е интердисциплинарна програма што трае две години. Таа е дел од реализацијата на Родовиот акциски план на БиХ и во тој поглед се имплементира во соработка со Агенцијата за родова еднаквост на БиХ. Целта на оваа програма е современа настава на методи, теории и концепти неопходни за родови студии и разбирање на современите дебати во оваа област. Програмата има за цел да придонесе за воспоставување мрежа на експерти подготвени да работат во домашни, регионални, меѓународни владини и невладини, академски институции итн., со заедничка мотивација да поддржат родови истражувања, интердисциплинарно познавање на родот и родова еднаквост во нивните заедници. Контакт-лице: Нејра Нуна Иенгиж; Змаја од Босне 8 (Универзитетски кампус); тел./факс: +38733 668-683, 668 - 685, 668 - 687; електронска пошта: нејраЖцпс.еду.ба; и веб-страница: њњњ.цпс.еду.ба.
|
|