Во организација на Мултимедија


“Децентрализација на културатра и локална културна  политика”



Центарот за изведувачки уметности Мул­тимедија од Скопје од 12 до 14 декември во Охрид, во рамките на проек­тот ,,Зајакнување на локалните кул­тур­ни институции во Р Македонија”, ќе ја одржи првата од двете работилници на тема: “Децентрализација на кул­ту­ра­та и локална културна политика”. Проектот претставува внимателно ди­зај­ни­рана тренинг-програма за ди­рект­ните учесници во процесот на де­централизација на културните ин­сти­ту­ции во Република Македонија, фи­нан­сиски поддржан од Мини­стер­ство­то за култура, од Европската културна фондација и од Канцеларијата за од­но­си со јавноста при Американската ам­басада во Скопје.

Целна група на обуката се гра­до­на­чал­ници, советници во локалната вла­ст, директори, вработени во локалните културни институции и локалните гра­ѓан­ски организации (ГО), на кои треба да им бидат понудени информации за процесот на децентрализација, ка­ко и нови и современи модели на од­лучување, планирање, организирање, управување, прибирање финансиски средства и работа. Обуката треба да придонесе за зголемена независност, одржливост и пред сe успешна тран­зи­ци­ја од централно кон локално ниво и креирање и спроведување културна политика во македонските локални заедници.  

 “Многу важен дел од проектот За­ја­к­ну­вање на локалните културни ин­сти­ту­ции во Р Македонија е и делот на соз­давањето на локалните културни по­литики во чиј процес ќе бидат вклу­че­ни: опшините, културните институции и локалните ГО. Вреди да се спо­ме­не и создавањето на мрежата на кул­турни институции преку којашто ќе ги споделат знаењата и искуставта преку взаемна поддршка и соработка. И, последно, но не и помалку важно, е создавање амбиент за подобар живот на граѓаните” - потенцираат членовите на Мултимедија.            

К.Б.

 

Законот за локална самоуправа и граѓаните
Можности за непосредно учество во одлучувањето во општините
Економски форум

Подобрување на управувањето со општинските буџети


Фондацијата Институт отворено оп­штест­во – Македонија, во соработка со Центарот за економски анализи, на 16 и 17 ноември 2005 година организира Економски форум на тема “Подобрување на управувањето со општинските буџети”.

Овој Форум претставува надоврзување на прашањата коишто беа опфатени со работилницата “Мерење на фис­кал­ниот капацитет на ЕЛС во Репу­бли­ка Македонија”, одржана на 24 и 25 февруари 2005 година во Скопје. Пос­ве­тен е на децентрализацијата, од при­чина што се работи за една од нај­го­лемите системски реформи во по­но­вата независна историја на Ре­пу­бли­ка Македонија. Тема на вториот економски форум е: да ги идентификува клучните ре­фор­ми во буџетирањето на локално ниво, и преку конструктивна дебата да им понуди конкретни препораки на прет­став­ниците на општинската адми­ни­стр­ација. Целната група на овој настан се повисоките претставници на општинските власти (градо­на­чал­ни­ци или претседатели на совети), но не е исклучено учеството на др­жав­ните службеници квалификувани да работат во областа на финан­си­ско­то управување или на утврдување и наплата на локалните даноци.

М.И