ПРОТЕСТ НА Х.Е.Р.А
Осудено информирањето за смртта на ХИВ-позитивен пациент
Начинот на објавување на информацијата за смртта на странски државјанин кој почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје предизвика остра реакција од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А. Протестот е инициран од повеќе причини, а е најавена и соодветна прана процедура до Јавниот правобранител на Македонија. Иницијативата на Х.Е.Р.А. ја поддржаа 25 невладини организации. “Идеата ни е јавноста, особено медиумите, да разберат дека треба да се биде многу внимателен кога се информира за специфични случаи. Работите не треба да се подигнуваат на сензационалистичко ниво, треба да се внимава кои информации можат да се објават и како се објавуваат, да се информира за основните начини на пренос на ХИВ СИДА и за Законот за заштита на личните податоци. Тука имаше случај на откривање лекарска тајна, којашто стои на секоја Хераклитова заклетва. Со откривањето на името на пациентот, на неговата болест, на резултатите од тестирањето, откривањето на податоците од неговиот личен живот, не се постигнува никаков ефект во однос на заштитата на населението во Македонија”. – изјави Драшко Костовски од Х.Е.Р.А.
|
|