Предизборна кампања на Антико

За демократско општество - рамноправен избор

Женската граѓанска иницијатива Антико од октомври започна со реализирањето на предизборната кампања под мотото “За демократско општество рамноправен избор”, врз основа на платформа на дејствување со конкретни насоки и барања за подо­брување на положбата на жените и заштита на нејзините права во сите сфери на општественото живеење. Антико се залага и за зајакнување на позиициите на жените во раководните структури на партиите, зголемување на бројот на градоначалнички и советнички во советите на општините на локално ниво, како и за едукација за формирање гласачка култура кај женското гласачко тело.

Кампањата опфаќа повеќе активности на државно и на локално ниво кои се реализираат во 10 локални заедници на Македонија од страна на 43 едуцирани едукаторки, 60 волонтерки и други активни членки од локалните членки на ЗГ мрежата на Ан­тико, како и 10 локални ко­ор­ди­­на­тор­ки.  Кам­пањата ќе трае с$ до ло­калните из­бори.

                    

К.Б.