Камелија Левенска – менаџер за односи со јавноста во МобиМак и претседател на Фондацијата МобиМак за Македонија

Хуманоста е секаде каде што се луѓето и таа е отсекогаш на овие простори

Вложувањето во сегашноста со почит кон минатото и визија за иднината, веруваме дека е единствениот пат кон подоброто и поубаво утре, за сите нас

Евидентно е активното совесно граѓанство на МобиМак, на што се должи тоа?
Пред си би сакала да се заблагодарам на пока­на­та за разговор на оваа тема и да ги поздравам Ва­­­­шите иницијативи за потсетување на оп­штест­ве­­­но­то одговорно однесување кое подеднакво не засега сите.

Мо­биМак како прв македонски мобилен операта­тор, којшто опстојува од 1996 година, ја разби­ра сво­ја­та морална и социјална должност да иг­ра ак­­­­тивна и позитивна улога во општест­во­то.

Од јули, 2001 г., од оддвојувањето од Маке­дон­ски телекомуникации, улогата на МобиМак како ак­­тивен член од општеството е особено изразе­на.
Принципите на квалитет, вредност и услуга се основните постулати на нашата филозофија на ра­ботење, но ние додадовме и четврт основен постулат – а тоа е совесното гра­ѓан­ство.

МобиМак како компанија е присутна во секојдневниот живот на граѓаните преку своите услуги што ги нуди и како субјект кој е активно вкл­учен во процесите кои се одвиваат во оп­штест­во­то и средината во која живееме.

Вло­­жувањето во сегашноста со почит кон минатото и визија за иднината, веруваме дека е един­ствениот пат кон подоброто и поубаво утре, за сите нас.
Врз основа на дејствувањето на компанијата, во општеството се конципирани и концетричните кругови - симболот на МобиМак, кој од една стра­на со својот полн централен круг го симболизира човекот кој треба да е секогаш во центарот, а концентричните кругови ја симбо­ли­зи­раат неговата поврзаност со опкружувањето - пр­виот концентричен круг е за семејството, вто­риот е за општеството. Оваа приказна ја рас­ка­жу­ва и нашата насоченост  за вложувања во центарот – во човекот и во она што е важно за него, за неговото семејство, за општеството. Нашата стратегија за совесно гра­ѓан­ство ја изградивме токму на тие убедувања.

Многу пати ни се обратиле со прашањето зошто вложуваме со толкава динамика, што добива МобиМак за возврат или кои се резултатите од вложувањата.

Вложуваме затоа што чувствуваме потреба да возвраќаме во општеството во кое дејствуваме, тоа е наша одговорност, но и наша желба.

 

МобиМак е деловна компанија, а сепак има своја фондација – по примерот на други светски компании, како функционира таа и колку средства се досега вложени преку Фондацијата?

Со цел да се посветиме кон хуманитарните активности, директно и транспарентно, сакајќи да ги одвоиме спонзорирањата од до­на­циите, во  јули 2002 г., ја основавме Фондацијата МобиМак за Маке­до­ни­ја, под мотото: хуманоста – како мотив и цел. Фондацијата МобиМак за Македонија е непрофитна организација, со управен одбор од 7 во­лон­тери од редовите на менаџерскиот тим на МобиМак, зајакнат со надворешно струч­но кон­сул­тативно тело и секретаријат – избран од ко­ле­гите во МобиМак.  Мисијата на Фон­да­ци­ја­та е да придонесе во развојот на различни сег­менти од општестевеното живеење, по пат на иницирање, но и поддршка на активности за чија реализација генерира средства по раз­лич­ни основи. Секоја година изготвуваме годишна про­­гра­ма на активности, со свои проекти и ак­ции, но отворени сме и за поддршка на проекти на надворешни лица и организации, кои се од оп­штествен интерес согласно задачите и цели­те на Фондацијата. Средствата за реализирање на про­ектите на Фон­да­цијата се главно од Мо­би­Мак, донации од вработените во МобиМак, од други компании, од граѓаните.

Преку јасно зацртаната стратегија на дејствување и детално пла­ни­­раната програма на активности, преку Фондацијата Моби­Мак за Македонија досега се вложени над 200.000 евра за под­дрш­ка на различни активности и проекти за доброто на заедницата. 

 

Актуелни се хуманитарните телефонски броеви на Фондацијата, кои се резултатите од нивното функционирање?

Посебна гордост на Фондацијата е што ја ставивме технологијата во служба на хуманоста. На иницијатива на Светлана Петровска, ко­­ја до неодамна беше претседател на Фонадијата, а сега е во Управниот одбор на Фондацијата, се подготви можноста за отворање хуманитарни броеви. Првиот број се отвори во февруари 2003 г. на барање на медиумите. Целта беше да ги поврземе гра­­ѓаните во еден круг на хуманост, во кој преку своите моби­л­ни те­лефони можат да учествуваат во различни хуманитарни ак­ции.

Сите акции се почнуваат по добивање детални податоци за по­тре­бите, консултации со медиумите и потпишување договор со при­мателот на средствата. Досега преку хуманитарните линии со ма­ке­донските граѓани помогнавме на 18 поединци, а собраниот и дониран фонд од февруари 2003-тата до денес изнесува над 4 милиони денари. Освен за поединци, отворивме и хуманитарни броеви за поддршка на програмски активности на Црвениот крст на РМ, Специјалната олимпијада, граѓанската организација “Пе­пе­рутка”, Зоолошката градина во Скопје, а отворени сме за постојана соработка со ме­диумите за реализација на хуманитар­ни активности. Посебен број е отворен и на име на Миле Стој­кос­ки – храбриот човек кој со инвалидска количка стигна на Олим­пи­јадата во Атина, кој наскоро ќе замине на операција во Гер­ма­ни­ја. Би споменала дека значењето на секоја од овие акции има голема хумана и обединувачка приказна. Во секоја од овие акции вклучени се и медиумите и граѓаните, желбата да се помогне е заедничка, ми­гот за краен позитивен резултат – вра­ќа­ње­то од успешна опера­ци­ја и закрепнување, или пак завршена из­град­ба на нешго ново и неопходно, ја очекуваме сите.

Наскоро ќе го обележиме отворањето на реновираниот Оддел за гастроентерохепатологија при Клиниката за детски болести – како резултат на акцијата со Време и ТВ А1 во која досега со свои донации од по 100,00 денари се клучија над 13.000 граѓани – корисници на МобиМак. Ова е прв пример на масовна ак­ција со македонските граѓани за Македонија, по успехот на ак­цијата за помош на жртвите од цунами со Црвениот крст на РМ.

Што се однесува до каналите на донација на МобиМак, веќе ги имаме 8-те активни отворени по различни основи. Во процесот од отворање на еден број за донација до исплата на средствата на примателот на донацијата, вклучени се над 30 лица од Мо­би­Мак, секој во различен дел од процесот. Следењето и управува­ње­то со процедурите е во надлежност на секретаријатот на Фон­да­цијата (волонтери од МобиМак), секако во соработка со колегите од различни оддели.     

 

Освен ваквите активности, Фондацијата МобиМак за Македонија континуирано е присутна во јавноста и низ други проекти!

Во нашата 3-годишна историја поддржавме над 20 проекти на граѓански организации, стипендиравме 10 талентирани деца, имаме организација на веќе традиционална трка со хуманитарен карактер која секоја година ја селиме во друг град, отворивме детско катче во паркот во Битола, организирваме бројни донаторски активности за лица со хендикеп и деца без родители низ це­ла Македонија...

Активно сме вклучени во проектот за ревитализација на скопска­та Зоолошка градина, учествуваме во бројни помали или поголе­ми активности во соработка со управата на Зоолошката гра­дина, а го изградивме и надворешниот дел од кафезот на шимпанзото Ко­ко.

Согласно стратегијата на МобиМак и програмските активности на Фондацијата е и поддршката на традиционалните вредности – основни се истражувањата на Археолошкиот локалитет Вар­дар­ски Рид кај Гевгелија, а учествуваме и во реновирањето на манас­ти­рите Свети Јоаким Осоговски и Свети Јован Бигорски.

Во акциите на Фондацијата се активно вклучени и наши сора­бот­ни­ци, како Калиопи, тимот на М2, Адријан Гаџа, децата од Златно славејче, ексклузивците на Авалон и други, а за сите печатени материјали веќе 3 години имаме несебична поддршка од печат­ни­ца­та Европа 92.

Сепак, нам ни се во фокусот децата и лицата со специјални по­тре­би и речиси во сите проекти влегуваме со размислата – што е до­бро за децата денес и што е добро за нивното утре.  Фон­да­ци­ја­та е млада, учиме од веќе етаблираните граѓански ор­га­ни­за­ции, соработуваме со нив, заеднички влегуваме во реали­за­ција на различни проекти, се поддржуваме. Наедно ги користиме и ресурсите на МобиМак, не само интерните човечки потенцијали и технолошки капацитети, туку и контактите на компанијата со други субјекти од бизнис-секторот. Имено, голем дел од актив­нос­тите на Фондацијата немаше да се случат, или пак не толку бр­зо и комплетно, доколку не постоеше поддршката на други ху­мани компании - партнери на МобиМак, како на при­мер, за градежните зафати на Клиниката за детски болести, учи­­­лиштето Златан Сремац, Центарот за болка во Скопје, Домот за доенчиња во Битола, Зоолошката градина, за компјутери­за­ци­ја на Кли­ни­ка­та за белодробни заболувања во Козле, Центарот Кочо Рацин во Би­тола, Зоолошката градина во Битола и други.

 

Што би одвоиле од активностите за 2005-та?

Во планот за 2005-та ни е отворањето детски паркови во Скопје и во Тетово, помош во уредувањето нов скејт-парк во Скопје, сти­пендирање на 10 талентирани деца без родители, ни очекува организација на трката Сите на тркала за забава и хуманост, во Струмица, промоција на новата книга за Вардарски Рид, органи­за­ција на детски манифестации, изградба на внатрешниот дел од кафезот на Коко, бројни донаторски активности, акции за рас­чистување и пошумување и друго. Соработката со Спе­ци­јал­на­та олимпијада, граѓанските организации: Полио плус, Иднина и Пеперутка продолжува, а продолжува и соработката со медиумите за нови, заеднички акции. Хуманитарните броеви постојано се отворени и по завршувањето на една акција се пренаменуваат за друга, во зависност од потребите.  

 

Се вели дека денес хуманоста е во тренд!

Велат дека денес хуманоста е во тренд, но всушност хуманоста е секаде каде што се луѓето и таа е отсекогаш на овие простори. Чувството за тренд го донесоа медиумите кои си посесрдно вле­гу­­ваат во иницирање или поддршка на акции и со тоа ги омасовуваат.

Сигурна сум дека тука голема улога игра тоа што последниве 2 години во Македонија ја ставивме технологијата во служба на хуманоста, па телефонијата ја прифативме како најдостапен ка­нал за масовно донирање помали суми. Со тоа се отворија мож­нос­тите уште поголем број граѓани да помогнат на другиот, но да се збогатат и себеси со чувство на хуманост.

Македонија е мала, народот е добар и хуман, заедно сакаме и можеме да си помогнеме. Секоја сериозно започната иницијатива ќе има успешна реализација, доколку & се пријде темелно, со почит и посветеност. Зад успешните акции не стои никогаш само еден човек или една компанија, хуманоста е синџир од многу алки. Секоја идеја ќе остане само добра намера, доколку не се анимира целиот синџир.