Хрватска

Прирачник за истражувачко новинарство

Во Хрватска се појави првата книга “Истражувачко новинарство”, која се однесува на овој тип новинарство, од Инослав Бешкер, Орландо Обад и  група хрватски автори. Таа е резултат на предавања на истоимената катедра, која на Студиите по новинарство на загрепскиот факултет за политички науки е основана минатата година. Истражувачкото новинарство беше обврзувачки предмет за студентите од четврта година.

Првиот светски прирачник за истражувачкото новинарство е објавен во Велика Британија пред три години, а во Хрватска од година во година има с$ повеќе новинари кои тежнеат кон с$ повисокото професионално усовршување. Книгата е наменета за младите новинари и студентите. Низ примери, методи, технологии и некои специфични теми околу истражувачкото новинарство се опишани и основните новинарски поими, правилата на тој “занает”, како и настанувањето и развојот на овој новинарски тип .                                                                    

Г.Ш.