форум
Дали и како се подготвуваат граѓанските организации за влез во Европската Унија?
Во ФОРУМ-от, овој пат, претставниците на две граѓански организации, АМПЕП - Програма за подобрување на животот во Албанија и во Македонија од Охрид и Здружението за граѓански иницијативи Лобинг од Ресен, ги презентираат своите, мислења, сугестии, ставови на поставеното прашање: Дали и како се подготвуваат граѓанските организации за влез во Европската Унија?
ФОРУМОТ е отворен и за Вас на адресата: www.graganskisvet.org.mk или www.civicworld.org.mk , каде што треба да се пријавите со име и презиме, наведувајќи го и името на здружението на граѓани, доколку некаде членувате.
“Граѓанските организации прво треба да воспостават интерна регулатива за самофинансирање и себеодржливост, со цел да продолжат да функционираат во рамките на Европската Унија. Откога истите ќе ги оправдаат своите добри портфолија за себе, ќе создадат основа за приклучување кон семејството на европските граѓански организации. Сметаме дека тие треба да се прилагодат на новото време и на конкуренцијата во европското семејство. Според моменталната состојба, би требало граѓанските организации во наредните 5-10 години да го пренасочат своето работење кон европските стандарди за работа - е ставот на АМПЕП - Програма за подобрување на животот во Албанија и во Македонија
“,Невладиниот сектор во Република Македонија се уште се наоѓа во фаза на созревање. “Периодот на развој и напредок е доста долг, а секторот и натаму ќе мора да вложи напор и средства за да се стигне до степенот на кој се наоѓаат европските организации и здруженија. Секторот НВО во нашата земја експериментира со основниот принцип на работење: единствен настап и здружено дејствување во коалиции и сојузи на невладини организации кои ќе се насочат кон заедничко решавање на проблемите. Овој принцип беше испробан и преку формирањето на НВО-парламентот кој може многу да придонесе и да помогне во работењето. Меѓутоа, секторот НВО најпрво мора самиот да ги проучи принципите на работа и дејствување во рамките на Европската Унија, за потоа да може тие принципи, закони и регулативи да ги доближи до народот. Кога населението ќе ги знае овие принципи, регулативи, стандарди и правила на однесување, тогаш секторот НВО ќе може успешно да ги реализира и спроведува своите активности и цели, кои пак ќе доведат до побрз развој на нашата земја и нејзино побрзо приклучување на Европската Унија” - смета Тања Кјулуновска од Здружението за граѓански иницијативи Лобинг.
К.Б.
|
|