барање

Да се спроведе Натура 2000

Светскиот фонд за дивиот свет – ВВФ (ЊЊФ) ги повика десетте нови земји-членки на Европската Унија, плус Романија и Бугарија, да ги спроведат принципите и препораките на мрежата Натура 2000, која се однесува на заштитата и конзервацијата на природата.

ВВФ нагласува дека повеќето од овие држави имаат донесено листи на заштитени области. Во споредба со заштитените области во “старите” членки на ЕУ, каде што во просек се заштитени околу 18 проценти од териториите, во повеќето “нови” членки тој процент е многу поголем. Но, тоа не смее да остане само на хартија, туку тие области треба да се заштитат според зацртаните критериуми на Натура 2000, особено од заканите како што се масовниот туризам или изградбата на патни мрежи.

М.И.