Набљудување

Како се спроведува правото на пристап до информации

На 10 март, 2007 година, во Скопје се спроведе инструктажа за 100 баратели на информации од јавен карактер, кои ќе поднесуваат барања до имателите на информации на централно ниво. Целта на оваа активност, што се спроведува  од страна на Правната програма на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, е да се набљудува како се остварува правото од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и спроведувањето на законот во текот на 2007 година.  Партнери во спроведувањето на овој проект на ФИООМ се Македонското здружение на младите правници и Шведскиот Хелсиншки комитет.

Подетални информации за активностите на целиот проект, кој опфаќа и компонента за бесплатна правна помош, може да се добијат на www.spinfo.org.mk.

М.И.