Хјуман рајтс воч
Можност за стажирање во Брисел
Уште од своето основање во 1978 година, Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch - HRW), меѓународна организација за мониторинг и застапување на човековите права, е позната по своите исцрпни истраги, јасно и навремено известување, иновативни и значајни кампањи и нејзиниот успех во промена на американските политики за човекови права, како и на други влијателни влади или меѓународни институции. Одделот за комуникации при Хјуман рајтс воч во моментов бара студент по новинарство да стажира во нивната канцеларија во Брисел. Стажантот ќе му помага на персоналот во управување со контакти со печатот и медиумски мониторинг. Апликантите треба да бидат добро организирани, самомотивирани и доверливи, со силен интерес за меѓународни човекови права. Неопходно е одлично познавање говорен и пишан француски и англиски јазик, пожелно е и познавање во работењето со новинари и познавање странски јазици (особено јазици на СЕЕ) и др. Аплицирањето е со писмо за мотивација, кратка биографија, информации за контакт за две препораки и краток, некоригиран примерок (не поголем од две страници) на eupress@hrw.org со назнака “Media Internship Application” или на на: Humman Rights Watch Brussels; 15 rue Van Campenhout; 1000 Brusseks, Belgium.
|
|